Изнајмувањето или купувањето на венчаници претставува еден од најскапите трошоци за венчавка.
Но, сите трошоци за венчавка не се ништо наспроти најскапата венчаница на светот.
Таа е креирана од египетскиот дизајнер Хани ел Бехери, а ја претставил на недамнешната модна ревија во Каиро.
Цената на оваа венчаница се проценува за неверојатни 15 милиони долари, а направена е од стотици дијаманти и скапоцени камења.
Венчаницата е со необичен, асиметричен крој. Предниот дел е пократок, додека задниот дел е до подот, а има и вел долг неколку метри кој е украсен со ѕвезди, а честа да ја носи оваа креација ѝ припаѓа на актерката Маја Омар.