Се чека оставка на Заев и избор на техничката влада до полноќ

Изборите за пратеници, што се договорени за 12 април годинава, се 10. од воспостаувањето на плурализмот во 1990 година, а петти по ред што се одржуваат во вонреден термин, почнувајќи од 2008 година

216

Преодната влада во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април се очекува да биде избрана денеска во Собранието.

Техничката влада треба да биде избрана до полноќ, а веќе од утре да почне да функционра. За да биде закажана седницата за избор на владата се чека оставката на премиерот Зоран Заев, по што претседателот Стево Пендаровски треба да му го даде мандаот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кого СДСМ го  номинира за технички премиер. Техничка влада се формира сто дена пред избори.

Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а парламентот да ги изгласа со најмалку 61 глас „за“ новите премиер, како и министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика од редовите на опозицијата. СДСМ најави и повлекување на досегашниот вице-премиер за економски прашања Кочо Анѓушев, на чие место се очекува да биде избрана досегашнатаминистерка за труд исоцијална политика Мила Царовска.

Откако ќе биде избрана новата влада, Спасовски како премиер треба да ги предложи дополнителните заменик-министри за труд и социјална политика и за внатрешни работи – од СДСМ и за земјоделство, финансии и информатичко општество – од ВМРО-ДПМНЕ.

За министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, откако СДСМ не го прифати предлогот Драган Ковачки, армиски полковник, да биде на оваа функција. Рашела Мизрахи ќе биде предлогот за министер за труд и социјална политика, заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојкоски и за земјоделство Цветан Трипуновски.

По предлог од СДСМ, заменик-министер за внатрешни работи ќе биде Славјанка Петровска, а за труд и социјална политика Санела Шкријејљ.

Согласно законот, техничкиот министер за внатрешни работи може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во МВР, а може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсто од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Мандатот на техничките министри и заменици-министри трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што тој им престанува по сила на закон. До изборот на новата влада, министерските функции за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе ги извршуваат сегашните „редовни“ заменик-министри во овие ресори.

„Пржинска влада“ беше воведена како ад-хок решение  по кризата што настана по објавувањето на аферата со масовното прислушување и првпат беше применета за претходнитепарламентарни избори во 2016 година. Во 2018 година овј коцепт беше вратен како решение во законите  за влада и за избори, на барање на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со цел деблокада на процедурите за распишување на референдумот за името.

Изборите за пратеници, што се договорени за 12 април годинава се 10.по ред од воспостаувањето на плурализмот во 1990 година, а петти по ред што се одржуваат во вонреден термин, почнувајќи од 2008 година. Откако С.Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите на самитот на ЕУ во октомври, Заев одлучи да оди  на предвремени избори, за коипартиските лидери постигнаа кнсензус да се одржат на 12 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...