Зборувајте со соседите, роамингот поевтин од денеска

Според договорот со кој се опфатени земјите од Западен Балкан освен црна Гора и Босна и Херцеговина од денеска и официјално се имплементира втората фаза, со која се предвидуваат пониските цени, односно сега сите корисници ќе плаќаат за роаминг по принцип што подразбира збир на домашната цена и такса за роаминг.

890

За 35 отсто пониска цена на роамингот од денеска имаат жителите на земјите од Западен Балкан. Со Црна Гора и Босна и Херцеговина, цените остануваат исти.

Според договорот со кој се опфатени земјите од Западен Балкан освен црна Гора и Босна и Херцеговина од денеска и официјално се имплементира втората фаза, со која се предвидуваат пониските цени, односно сега сите корисници ќе плаќаат за роаминг по принцип што подразбира збир на домашната цена и такса за роаминг.

Од 1 јули 2021 година пак, се планира дополнително да се намалат цените за роаминг за дојдовните повици и преносот на податоци за сите корисници, но и целосно укинување на таксите за роаминг во регионот на Западен Балкан, односно за корисниците да плаќаат за услуги за роаминг под истите услови што важат за домашниот сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...