Тамара ќе пее во најпознатиот геј-клуб во Лондон!

Настанот се одржува во локалот Royal Vauxhall Tavern, познат геј-клуб во Лондон.

1482

Македонската пeјaчка Тамара Тодевска на 10 јануари ќе пее на Еурофест во Лондон.

Настанот се одржува во локалот Royal Vauxhall Tavern, познат геј-клуб во Лондон. Royal Vauxhall Tavern се смета за најстарото геј збиралиште во Јужен Лондон.

Билетите ќе чинат седум британски фунти.

Многу славни ѕвезди настапувале во Royal Vauxhall Tavern, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...