Американската академија за филмска уметност и наука на 13 јануари ќе ги објави номинациите за најпрестижната филмска награда Оскар и тогаш ќе се знае дали македонскиот документарец „Медена земја“ ќе биде номиниран и во колку категории.
За номинациите гласањето почнува денеска и ќе трае до вторник, 7 јануари.
И годинава домаќин на Оскарите ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, церемонијата ќе се одржи на 9 февруари во Лос Ангелес.
За 92. награда на Академијата ќе се натпреваруват 15. документарни филмови, категорија за која беа предложени 150 филмови. Членовите на жирито избраа 15. наслови кои ќе се натпреваруваат за Оскар, а меѓу нив е и „Медена земја“ (Honeyland).