Мицкоски најави дека ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи ВИДЕО

809

 

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО – ДПМНЕ најави дека ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи, а како што рече, повторно станува збор за професиналец и дека чека одговор од власта, откако премиерот во заминување Зоран Заев со кого имал телефонски разговор, ќе се врати во земјава.

– Чекам на последните консултации со Заев, уште еднаш да поразгораваме – рече Мицкоски, а за новиот министер за внатрешни работи ќе се консултира и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Новиот кандидат не е партиски човек.

– Неправедно е што не го прифатија предлогот, но најголема неправда би била ова влада да избега од избори и да остане на власт. Нема да дозволам да избегаат од изборите и од одговорноста пред народот, ќе предложам ново име и ќе ги поминеме сите препреки за да има избори на 12 април – рече Мицкоски.

Првиот предлог полковникот Драган Ковачки да застане на чело на МВР како технички министер не беше прифаен од СДСМ поради членот 97 од Уставот според кој „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...