Посебната единица за поддршка во МВР доби нова опрема

388

Специјална полициска опрема за случаи на нарушен јавен ред и и мир во поголем обем доби денеска Посебната единица за поддршка (ПЕП), првпат од нејзиното постоење.

Опремата е дел од финансиската донација на Владата на Чешка за потребите на МВР.

МВР информира дека станува збор за опрема од заштитен карактер, која се користи за време на насилни протести и немири, а во неа влегуваат заштитни елеци, штитници за пределот на рацете и штитници за пределот на нозете, чија основна намена е заштита на полициските службеници од повреди. Воедно, покрај оваа опрема, извршена е и набавка на заштитни штитови за јавен ред и мир.

„Специјалната полициска опрема за припадниците на Посебната единица за поддршка претставува уште една активност во континуираните напори на МВР за подобрување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, што беше позиционирано меѓу највисоките приоритети за раководството на МВР во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерно опремена и професионално подготвена полициска служба, согласно сите европски стандарди“, вели МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...