Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски пристигна во Торино на лекарски прегледи пред официјално да потпише за шампионот Јувентус.
Трансферот на Кулушевски ќе изнесува 35 милиони евра, а Аталанта може да добие дополнителни 10-15 милиони евра, во зависност од бонусите.
Кулушевски кој одлучи да го носи дресот на Шведска, сезонава не игра за Аталанта, туку е дел од Парма за која на 17 наптревари постигна четири голови и има уште седум асистенции.
Талентираниот Кулушевски во младите категории го носеше дресот на Македонија, тој беше дел од репрезентрацијата до 16 години за која постигна четири гола, но одлучи во иднина да настапува за репрезентацијата на Шведска, каде што е роден.