Американската актерка Моли Фицџералд (38) е уапсена синоќа откако полицијата открила дека ја убила својата мајка.
Актерката, која страдала од психички проблеми, а која глумеше во хитот „Капетан Америка“ ја избола мајка си на 20 декември во Канзас Сити. Моли ја избола мајка си со нож.
Таа е обвинета за убиство од втор степен и е задржана во притвор. На суд првпат ќе се појави денеска.
Нејзината мајка ќе биде погребана утре, а сите ја опишуваат како „мила личност која била подготвена да помогне секому„.
„Обожаваше спорт, беше тениски фанатик, но и страсен навивач на НБА-клубот Хјустон рокетс“, рекла пријателите на мајката на актерката.
Не е познато кој е мотивот на Моли за да го стори грозниот чин.
Моли Фицџералд била актерка, директорка и продуцентка.
ФОТО: Johnson County Sheriff’s Office/Printskrin