Холивудската актерка Шерон Стоун важи за една од најубавите и најсексапилните жени на светот, но дури и таа мора да ги почитува правилата кои важат за апликациите за запознавање.
Како што напишала на Твитер, нејзиниот профил на апликацијата „Bumble“ е блокиран, бидејќи е препознаен како лажен профил.
„Отидов на Bumble апликацијата за сингл луѓе и ми го блокираа профилот. Некои од корисниците пријавиле дека тоа сигурно не сум јас. Еј, Bumble, толку ли е ексклузивно да бидеш јас? Ве молам не ме исфрлајте“, напишала актерката.
Покрај тоа, приложила и скриншот на кој се гледа дека профилот ѝ е избришан. На објавата пишува дека профилот ѝ е избришан бидејќи неколку корисници пријавиле дека е лажен.
Шерон Стоун, која сега има 61 година, станала секс симбол откако во 1992-ра година излегол нејзиниот трејлер „Ниски страсти“. Двапати се венчала и разведувала, а имало и неколку одбиени запросувања. Сега е сингл и има три синови со кои живее во Лос Анџелес. Минатата година се забавувала со агентот за недвижнини од Италија, Анџел Боф, но парот се разделил. Стоун подоцна изјавила дека попрво би останала сама и повеќе не се надева дека повторно ќе пронајде партнер.