Ковачки го нема во кадар од видеото на Мицкоски ВИДЕО

3069

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево објави видео од одржаниот состанок со членови на неговиот кабинет и кандидатите за министри и заменици министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за спроведување на предвремените парламентарни избори.

На видеото го нема кандидатот за министер на МВР – Драган Ковачки, а дали ова значи дека наследникот на Спасовски ќе се држи во тајност до 3. јануари, кога и треба да биде изгласана техничката Влада, пренесе телевизија 21.

Мицкоски во постот на ФБ, вети работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени.

„За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во Техничката влада да ја заштитат народната волја“, напиша Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...