Утре ќе се дознае кој ќе биде техничкиот прв полицаец

Техничката влада треба да се формира најдоцна до петок, кога премиерот Заев треба да си поднесе оставка.

796

Министерот Оливер Спасовски, кој од трети јануари треба да биде технички премиер, е сигурен дека Мицкоски утре ќе даде нов предлог и техничката влада ќе се формира веќе во петок, на 3-ти јануари,

Останува на ставот дека, полковникот Драган Ковачки не е соодветно решение за функцијата.

За другите предлози од опозицијата, Спасовски начелно нема забелешки, пренесе Телма телевизија.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ најави утре ќе ја извести јавноста за конечната одлука, дали ќе даде нов предлог за технички министер за внатрешни работи или ќе остане на ставот дека, Ковачки треба да го предводи ова министерство во следните сто дена. Тој се повикува на членот од уставот во кој се вели дека, секој граѓанин има право да стапи на функција.

За министер за труд и социјална политика ја предложи  Рашела Мизрахи, доктор на науки по биохемија. За дополнителен заменик-министер во Информатичко општество и администрација – актуелната пратеничка Невенка Стаменковска, во финансии  – Гордана Кочоска, магистер по економски науки,а во ресорот земјоделство – Цветан Трипуновски, поранешен пратеник.

Од СДСМ минатата недела соопштија дека, покрај  Оливер Спасовски, кој ќе биде технички премиер, Мила Царовска ќе биде вицепремиер за економски прашања. Дополнителен заменик-министер во МВР ќе биде Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на Спасовски, а во Министерството за труд ќе биде Санела Шкријељ, исто така актуелен шеф на кабинетот на министерката Царовска.

Техничката влада треба да се формира најдоцна до петок, кога премиерот Заев треба да си поднесе оставка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...