Вчера во 13.10 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг помеѓу Поликлиника „Јане Сандански“ и црква „Св.Илија“, во патничко возило „хјундаи туксон“, со скопски регистарски ознаки, починала Ф.Ц.(48) од Скопје, која била донесена од нејзиниот сопруг Е.Ц.(52) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.
Ја донел сопругата кај поликлиника „Јане Сандански“, а таа починала во автомобил
loading...