Папата Франциск се налути и плесна жена по рака ВИДЕО

1128
ФОТО: EPA-EFE-GIUSEPPE-LAMI

Папата Франциск, на својата последна прошетка на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан, видно лут, ја отргна раката од една жена која го зграпчи и не го пушташе.

Тој дури и ја плесна по рака и демонстративно го напушти плоштадот, пренесе „Ројтерс“.

Папата го минуваше плоштадот Свети Петар поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето.

Но, во еден момент, жена која се прекрстуваше и со вознемиреност го гледаше папата, го зграпчи за рака откако тој реши токму пред да стаса до неа, да се сврти и да го напушти местото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...