Колегите од Судскиот совет му го одземаа судискиот иумнитет на Зоран Теофиловски, но го одбија барањето на обвинителот за 30-дневен притвор за првоосомничниот во истрагата за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.
Теофиловски е осомничен дека кон крајот на месец август 2011 година како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација. Тој е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба.