Пендаровски посака граѓанско помирување втемелено на правда

89

Претседателот Стево Пендаровски во денешната новогодишната видео порака посака граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина во новата 2020 година.


Пред сè, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество. Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година, истакна во честитката претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...