Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај – Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(31) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
МВР денеска информира дека на 30 декември, на автопатот во близина на ,,Тумчевишка клучка“, пријавениот, кој управувал возило со брзина поголема од дозволената, изгубил контрола над возилото и удрил во двајца полициски службеници, кои обезбедувале место на настан по случена сообраќајна незгода, од кои едниот починал, а на другиот му биле констатирани тешки телесни повреди.