И Кирибати и Нов Зеланд влегоа во Новата 2020 година

158
epa08095787 Fireworks explode over Sydney Harbour during the Family Fireworks as part of New Year's Eve celebrations in Sydney, Australia, 31 December 2019. The smaller firework is launched at 9pm local time for children and families. EPA-EFE/DARREN LEIGH ROBERTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY

 

Во новата година влезе и Нов Зеланд, по тешката година, во која беа соочени со голем терористички напад и ерупција на вулкан.  Во Новата 2020 година наскоро ќе влезе и Австралија, меѓу кои и Сиднеј, каде повторно ќе има спектакулараен огномет и покрај петицијата потпишана од повеќе од 280 илјади луѓе против таа атракција.

 

И жителите на Карабати и на Божиќните острови во Тихиот Океан, исто така ја дочекаа Новата година. Потоа следуваат Јапонија и Кина.

Најголемата новогодишна прослава во Германија ќе се одржи во Берлин, кај Брандербушката капија, а во Париз стравуваат дека штрајкот би можел даја попречи прославата, што обично привлекува неколку милиони луѓе.

Њујорк уште еднаш ќе привлече маса луѓе кои сакаат да бидат сведоци на одбројувањето и традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс Сквер.

Лос Анџелес и Хонолулу исто така се подготвуваат за големите свечености, а Буенос Аирес и Рио де Женеиро од Латинска Америка ќе бидат место за најлудите забави.

Први кои ја пречекаа Новата 2020 година се жителите на Самоа, откако пред осум години ја сменија временската зона. Американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во 2020 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...