Дедо Мраз пристигна на плоштад „Македонија“ во Скопје со тротинет, посакувајќи им на сите среќна и бериќетна Нова година.
– Денеска симболично напладне го пречекавме Дедо Мраз заедно со златните славејчиња кои во рамки на новогодишната програма што Град Скопје ја организираше со цел пречек на Нова година, ги забавуваа присутните – истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Тој нагласи дека градот е полн со странски туристи, како и со граѓани од цела земја.
– Во 2020 година повикувам на сполотеност, на мир, на среќа, посочи градоначалникот.