Професорот Драган Тевдовски, кој ја вршеше и функцијата министер за финансии, кариерата ја продолжува во банкарскиот сектор и ќе биде нов член на Надзорниот одбор на УНИБанка АД Скопје, објави Банкарство.мк.
Тој прво бил предложен за независен член, а по одржаното Собрание на Банката денеска, Тевдовски веќе и официјално е нов член на Надзорниот одбор на УНИБанка, со мандат од четири години.