Тери Анри официјално е наследник на Валверд

792
ФОТО: МИА

По Ернесто Валверде, тренерската функција во фудбалскиот клуб Барселона ќе ја извршува Французинот Тери Анри.

Оваа „бомба“ на весникот „Спорт“, утрово ги разбуди жителите на најголемиот каталонски град, а информацијата е врз основа на тоа дека Анри бил миленик на управата, додека договорот на Валверде му истекува во јуни, и веројатно нема да му биде продолжен.

Анри три сезони играше за Барселона заедно со Меси, Пике и Бускетс кои уште се во клубот, во тимот има многу Французи, добро стои и со директорот и сонародник Ерик Абидал, но нема големо искуство како тренер. Неуспешно го водеше Монако, беше помошник во репрезентацијата на Белгија, а сега седи на клупата на Монтреал импакт од МЛС лигата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...