Извештајот го потврди напредокот на Договорот од Пржино, како и изборите од декември 2016 година, со што е дадена неусловена препорака за почнување преговори со ЕУ, рече амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар на седницата за Европски прашања.
– Потребно е да се пофали владината коалиција која се врати назад на патот до реформите. Пофалба и за опозицијата затоа што се посвети на реформскиот процес. Останува многу да се заврши и комплетира. Препораката е јасна за потребата да се спроведат реформите. Она што ЕУ ќе го прави следните месеци е мониторинг на чекорите. ЕУ земјите членки ќе ги оценуваат реформските закони -рече Жбогар.
Евроамбасадорот го пофали Договорот со Бугарија, но и разговорите за решение на проблемот со името, кој Македонија го има со Грција. Жбогар потенцира дека процесот за интеграција е спроведување на евроспките вредности.