Живот, благ како лешник, горчлив како по некој бадем, лут како чили, убав како путер

„Поради нашето долгогодишно експериментирање со здрава исхрана и интересни вкусови една доцна вечер го направивме и нашиот прв путер. Од старт го погодивме рецептот и кога го пробавме и двајцата бевме едноставно воодушевени од вкусот. Така некако почна и целата приказна“, велат Марија и Антонио Димовски, творци на здрави и вкусни, органски путери од јатки

473

Марија и Антонио Димовски ги запознав на неодамнешниот настан на организацијата Слоу фуд. Ми ги претставија како нови членови на оваа непрофитна организација чии членови го поврзуваат задоволството и добрата храна со обврската кон заедницата и животната средина.

Задоволство беше да се проба и нивната добра храна – оние превкусни путери од лешници, бадеми и кикирики, кои веќе ги имав видено на полиците во продавницата за здрава храна „Лара-ви“ во Тафталиџе, но и во многу други маркети и продавници за здрава храна низ градов. Бонита!

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...