МЗ: Приватните специјализанти првпат се платени за својот труд

105

Министерството за здравство соопшти дека покажало дека има слух за подобрување на состојбата и условите за работа на медицинскиот кадар во државава.

Секој граѓанин има право да го искаже својот став преку разни иницијативи, протести итн. Правото на протест е неприкосновено право загарантирано со Уставот. Оваа Влада, во 2018 година првпат ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Дотогаш, тие воопшто не беа платени. Вложуваме во човечкиот капитал. Инвестираме во приватните специјализанти, тие да бидат мотивирани и задоволни во својата работа, стои во соопштението од Министерството.

Од Министерството посочуваат дека по средбата со приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019, се договориле и донеле одлука тие да бидат платени за својата работа од февруари 2020 година.

Исто така, постигнавме договор и со кофинансираните специјализанти, со што пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања. Годинава ја заокружуваме како година во која инвестираме како никогаш досега во вработувања на млади лекари, зголемувања на плати и подобрување на условите за работа. Со ова темпо, продолжуваме и во 2020 година. Приватните специјализанти ја имаат нашата поддршка и заеднички создаваме функционален и одржлив здравствен систем, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...