Судскиот совет не го одржа продолжението на 328-та седница затоа што немало кворум и најави дека ќе заседава на 27 јануари во 10 часот.
„Седницата на ССРСМ се одложи бидејки немаше потребен кворум за одлучување, како и поради тоа што на новоизбраниот член на Советот Весна Дамева материјалите за седница и беа доставени непосредно пред почетокот на седницата и не беше во можност истите да ги проучи“, информира Судскиот совет.