Уште шест години затвор за поранешниот хрватски премиер Санадер

За виновен во аферата е прогласен и директорот на МОЛ Золт Харнади и тоа поради давање на мито, а судот му одреди две годишна затворска казна.

1194

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на шест години затвор поради примање мито од десет милиони евра, за на унгарската нафтена компанија МОЛ и го препушти управувачкиот пакет на хрватската нафтена компанија ИНА.

Дополнително Санадер е обвинет дека со директорт на МОЛ договорил издавање на нерентабилната гасоводна инфраструктура на ИНА, јави дописникот на МИА од Загреб.

За виновен во аферата е прогласен и директорот на МОЛ Золт Харнади и тоа поради давање на мито, а судот му одреди две годишна затворска казна.

Во образложението на пресудата за Санадер, судот наведува дека „користејќи ја положбата и функцијата премиер, на седница на Влада барал да се прифати извештајот со кој на МОЛ му се препушта управувањето со хрватската нафтена компанија ИНА, а тој извештај владата под негово раководство го прифатил и без основа МОЛ се стекнал со право да управува со ИНА.

Инаку, Санадер од април е во затвор каде што издржува затворска казна за примање на провизија за случајот „Планинска“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...