Интелигентен „лежечки полицаец“ пред училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“

2859

Поставени се два нови, „лежечки полицајци“ на улицата „Орце Николов“, пред основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во урбаната заедница Карпош.

Станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец“, кои имаат за цел да ја забават брзината на движење на моторните возила и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во изминатиот период, ваков тип на сигнализација беше поставен пред повеќе основни училишта во Карпош: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Братство“, „Димо Хаџи Димов“ и „Вера Циривири Трена“.

Исто така, новите решенија кај „Млечен“ и во Карпош 4 со кои се регулира сообраќајниот режим на движење, имаат за цел да ја зголемат безбедноста на пешаците и да го намалат сообраќајниот метеж.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...