Симовски за МИА: За да се спроведе пописот неопходен е консензус

Самиот попис обезбедува огромен фонд податоци што на општеството му се исклучително битни при градењето стратегии и политики на развој. Нема сегмент во општеството што не зависи од податоците од пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика.

172
ФОТО: МIA

Донесувањето на закон за попис не е тежок проблем. Може да се донесе брзо бидејќи бара просто мнозинство во парламентот, но целта не е само да се донесе закон. Целта е сите политички субјекти да застанат зад тој закон и да го поддржат. Пописот не може да го спроведете ако ја немате и таа политичка логистика и волја да се спроведе, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА. Тој посочува дека целта е да има консензус кај сите политички субјекти во парламентот кога се донесува овој закон. Опозицијата излезе со 23 барања што сметаше дека треба да бидат вклучени, од кои најголем дел воопшто и не може да бидат прифатени бидејќи водеа кон она што се случи со пописот во 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...