Македонските ракометари ја освоија титулата на „Трофеј Карпати“

290

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Романија со 20-24 (12-10) и го освои првото место на „Трофеј Карпати“.

Селекцијата на Данило Брестовац одигра одлично второ полувреме, во кое на голот блесна голманот Никола Митревски и го ограничија противникот на едвај осум голови. Тој на крајот заврши со 16 одбрани, додека најефикасен беше Марио Танкоски со осум гола.

Танкоски беше избран и за најкорисниот играч на турнирот, додека Митревски беше прогласен за најдобар голман.

„Црвено-жолтите“ на овој турнир настапуваа без главните носители на играта поради клупските обврски.

Првата фаза од подготовките ја завршија со три победи и еден пораз.

Втората фаза од подготовките, пред Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, ќе стартува од 2 јануари, кога се очекува да се приклучат и Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Филип Талески…

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...