Индиец сакал да прошверцува сограѓанин во багажникот од возилото на ГП „Богородица“

104

На граничниот премин „Богородица“ денеска напладне полициски службеници го привеле М.С.(22) од Индија, со италијанска лична карта, затоа што во возилото „Фиат Пунто“ со италијански национални ознаки, што го управувал, се обидел да прокриумчари мигрант.

Како што соопшти МВР, при контрола во возилото бил откриен Р.С. (22) од Индија, кој бил сокриен во багажникот.

За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...