Голманот и капитен на Јувентус, Џанлуиџи Буфон по неделниот поразот од Наполи (0:1) во натпревар од 34. рунда од шампионатот во Италија во соблекувалната изразил незадоволство од играта на своите соиграчи, пренесуваат италијанските медиуми.
Според весникот „Калчомеркато“ 40-годишниот голман ги обвинил соиграчите за слабата игра и за допуштениот гол на гостите во 90. минута, по изведениот корнер.
По 34 круга во Серија А, Јувентус води на табелата со 85 бода, еден повеќе од Наполи.
Следната рунда Јувентус игра со Интер, а Наполи со Фиорентина.