Детали од синоќешната кобна несреќа: Во полицаецот прво удрил „форд фокус“, па „фолксваген голф“

4791
Фото: МВР

На автопатот Тетово – Гостивар, во близина на место викано Тумчевишка клучка, вчера во 19.05 часот  патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(31) од кичевското село Грешница, удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи – обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода.

Потоа патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(39) од село Синичане, кое се движело во правец Гостивар – Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди. По насока на јавен обвинител Р.Ш. е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...