Корисниците од бул. „Партизански одреди“ бр.165 во Ѓорче Петров утре (30 декември) од 9 до 10 часот ќе немаат струја поради планирани технички зафати во електросистемот.
Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија, соопшти дека без електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе бидат и корисниците од зградите бр.7 и бр.8 на ул. „Руѓер Бошковиќ“ и од зградите бр.4 и бр. 7 и индивидуалните објекти со броеви 2, 4 и 7 на ул. „Бранислав Нушиќ во општина Карпош.