Јавен обвинител нареди истражна постапка против лице осомничено дека вчера се обидело да изврши кривично дело „разбојништво“ и за него е предложено мерка притвор.
„Осомничениот вчера влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а осомничениот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување, кој го спречил осомничениот во намерата и го оттргнал од вработената“, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител оценил дека постои опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело и затоа до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог да му се определи мерка притвор.