На собирот со иселениците и граѓаните на Гостивар, претседателот на ДУИ Али Ахмети одблизу ги запозна иселениците со постигнувањата на Албанците во двете последни децении во Македонија, но и со идните планови.
– На патриотизмот со големо зборови, со полна уста, му дојде крајот. Ние треба да работиме за секој ден и без големи зборови, но со опипливи и конкретни дела. Ако во 2001 година имавме 260 офицери и подофицери Албанци во АРМ, денес имаме повеќе од 2000. Ако имавме 178 полицајци Албанци, денес имаме 2000 млади во полиција. Има уште многу работа пред нас, бидејќи другите беа пред нас 60 години, и сега работиме за да постигнеме застапеност и квалитет – рече Ахмети, додавајќи дека сега Албанците имаат два државни универзитети и еден јавно-приватен на албански јазик, а знамето и албанскиот јазик се заштитени со закон.
Ахмети се фокусираше и на меѓуетничките односи, ставајќи го акцентот врз фактот дека уште не е дојдено време Македонецот да го штити интересот на Албанецот, или Албанецот интересот на Македонците, додавајќи дека разликите создадени со векови не може да се тргнат преку ноќ, затоа, истакна тој, Албанците можат да се претстават достоинствено само од албанските политички субјекти.
– До пред неколку години имавме разлики со ВМРО-ДПМНЕ, сега со СДСМ, во одбрана на тоа што е албанско во ова земја. Ние направивме компромис но не бевме подмолни, ниту лакоми за власт и на прв чекор сме ги поставиле легитимните приоритети и барања на Албанците. Да бидеме искрени. Кога станува збор за унапредувањето на Албанците на сите нивоа, има двоумења. Немојте да мислите дека работите се движат со голема леснотија. Ако не удриш по масата и ако не се бориш за тоа прашање, возот бега – рече Ахмети.