Еден тинејџер е убиен во пукање во трговски центар во приградска област Денвер, соопшти американската полиција.
Портпаролот на полицијата во Аурора, Ентони Камачо, изјави дека во тек е потрага по еден осомничен, но не да прецизира дали има сознанија колку лица биле вклучени во пукањето.
– Не веруваме дека постои закана за пошироката јавност – рече Камачо, но не кажа повеќе детали.
Полицајците кои патролирале во трговскиот центар реагирале на пријава за пукање и го пронашле 17-годишното момче повредено, кое потоа било однесено во болница каде што починало.