Спасовски: Посакувам што побрзо Заев да се врати за премиер

1958

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски им се заблагодари, преку фејсбук на сопартијците, за довербата да биде технички премиер, посакувајќи што пократко да ја извршува таа функција.

„Ви благодарам на довербата и поддршката. Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа“, напиша Спасовски на фејсбук.

Тој ќе биде вториот технички премиер, по постигнувањето на Пржинскиот договор, откако лани летото, на барање на ВМРО-ДПМНЕ, беа вратени на сила измените во Изборниот законик и во Законот за влада, со кои се предвидува формирање преодна влада, со учество на опозицијата – 100 дена пред парламентарни избори. Пред изборите во 2016 година таа функција ја извршуваше Емил Димитриев, кој претходно беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...