Демијан Харли (17), синот на актерката и моделка Елизабет Харли, објавил фотографија со својата мајка, а сите се согласиле дека неверојатно личат.
Демијан на овој начин им го честитал Божик на своите следбеници, а под фотографијата се нижеле коментари: „Изгледате како сестри“, „Убавици“, „Како да сте близначки“, бидејќи многумина помислиле дека станува збор за нејзина ќерка, а не син.
Актерката често објавува фотографии на која е разголена, на својот профил и нејзините следбеници постојано се шокираат од фактот како добро изгледа во 54-тата година од животот. Сега се гледа дека добрите гени ги наследил и нејзиниот миленик, синот Демијан.
Демијан неодамна започнал своја манекенска кариера, придружувајќи се на армијата деца на славни родители кои запловиле во манекенските води, како што се Кендал Џенер, Каја Гербер, Бела и Џиџи Хадид.
Она по што се разликува Демијан е неговиот андроген стил. Имено, младото момче не се плаши да стави шминка или да облече женска облека. А, најмногу сака да се облекува речиси исто како неговата мајка, актерката Елизабет Харли.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин