Излезе 12-от број на публикацијата „Новинарството како јавно добро“

33

Излезе дванаесеттиот број на публикацијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – „Новинарството како јавно добро“.

Во овој број на публикацијата, соопшти ССНМ, е обработена темата „Регулација наспроти саморегулација“. Во главниот текст на Антоанела Димитриевска се вкрстуваат мислењата во новинарската фела во врска со саморегулацијата на интернет просторот.

Во овој број ќе читате и: Повелба на ЕФН за условите за работа на новинарите, повик за почитување на слободата на печатот и новинарската независност во Европа, совети за слободните истражувачки новинари, глобалниот пад на слободата на интернет бара глобален одговор, јавните сервиси се под политичко влијание и слободата на изразување во светот е на најниско ниво во последните десет години, наведуваат во соопштението.

Публикацијата е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, кој ССНМ го спроведува заедно со Македонски институт за медиуми – МИМ, Институтот за комуникациски студии и Media Diversity Institute, а е поддржан од Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...