Јас никогаш не би ставил јаже на вратот на мојата држава дека законот за употреба на јазиците треба да се имплементира за половина година. Ова е ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дали ќе се прифатат препораките на Венецијанската комисија за законот за јазиците.
Според Ахмети, треба да се даде време за да има капацитети законот да може да се имплементира во судството. Ахмети вели дека Венецијанската комисија не ја оспорила уставноста на законот, туку капацитетите за спроведување на законот во судството.
Според лидерот на ДУИ, двојазични треба да бидат и ознаките во Армијата и на банкнотите.