Сликите во домот на Боки 13-ка не биле купени туку изложени за продажба

- Кај тебе побрзо ќе се продадат, му рекоа од галеријата на Јовановски, рече сведокот Драгана Колевска, која работела во домот на Боки 13.

3198

Во домот на Бојан Јовановски доаѓаа политичари и познати личности како Радмила Шекеринска, Александар Кирацовски, Катица Јанева, Зоран Милевски, Стефан Богоев, водителите Сергеј, Анета Кочишки…, рече сведокот Драгана Колевска, која работела во домот на Боки 13, а денеска беше повикана да зборува за случајот „Рекет“.

На прашање на адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, дали видела пари во домот на Боки, таа рече „Не“.

Дуковски ја праша дали во домот на Боки видела новинари, a таа рече дека доаѓале Ацо Кабранов, Јадранка Костова, Гордана Дувњак, Анета Кочишки, новинари што работеле на Инсајдер.

Колевска на прашање на обвинителката Вилма Русковска рече дека во домот на Јовановски имало уметнички слики, кои не биле купени, туку дадени од некоја галерија.

– Кај тебе побрзо ќе се продадат, му рекоа од галеријата на Јовановски – рече сведокот со чие испрашување заврши денешното рочиште за „Рекет“.

Судијката Васка Николовска Масевска најави дека следното рочиште ќе се одржи на 3 јануари, а се очекува да сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска која беше една од двете заменички на Катица Јанева, кога таа беше специјална обвинителка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...