СОНК в понеделник ќе каже дали го прифаќа колективниот договор за култура

123

Во понеделник ќе се знае дали Предлог колективниот договор за култура е прифатлив за Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска изјави дека во тек е изјаснувањето на синдикалните организации и оти во понеделник е закажан состанок во Министерството за култура.

– Во моментот се сумираат резултатите од јавната расправа. Секоја синдикална организација беше должна да го разгеда Предлог колективниот договор и евентуално да даде свои забелешки. Денеска е крајниот рок за доставување и собирање на резултатите. Во понеделник имаме средба со Министерството за култура и тогаш ќе го искажеме нашиот став за тоа дали е прифатлив или не – рече Неделков, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на спогодбите за зголемување на платите во образованието и науката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...