ВМРО-Народна партија упатува апел до Македонската православна црква веднаш да започне кампања за штетноста на бадникарските огнови како од верски аспект така и од еколошки, особено сега кога процентот на загаденост во градовите низ Македонија е на највисоко ниво.
ВМРО-Народна партија смета дека и оваа година нацијата треба да се придружува кон повиците на МПЦ за прекинување на оваа хибридна традиција која нема ништо општо со традиционалните христијански обичаи.
„Токму поради овие причини упатуваме апел и до нацијата достојно да го прослави овој голем христијански празник во духот на православието со богослужби во христијанските храмови ширум Македонија“, се наведува во повикот на ВМРО Народна партија.