Кочанчанец вчера при поправка на покривот од семејната куќа паднал и починал. Во полициската станица Кочани било пријавено дека Ј.А.(63) од Кочани, при изведување градежни работи на покривот од куќата на улица „Ѓорче Петров“, паднал и починал.
Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани. .