Купил стар ѕиден часовник на пазар, па се шокирал што нашол внатре

Неименуваниот Германец го купил часовникот уште пролетта, а парите ги однел во Канцеларијата за изгубени работи, пишува магазинот „Феникс“.

1298

Купил стар часовник на пазар, Германец од градот Аурих кој купил ѕиден часовник на пазарот за стари работи, не можел да им верува на очите кога внатре нашол 50.000 германски марки.

Неименуваниот Германец го купил часовникот уште пролетта, а парите ги однел во Канцеларијата за изгубени работи, пишува магазинот „Феникс“.

Ако се појави сопственикот на парите, човекот ќе има право на три отсто од профитот (околу 770 евра), но никој не одговорил и по законскиот рок од шест месеци пронаоѓачот ги добил назад парите.

Градот Аурих му ги предаде партите на чесниот наоѓач – 50.000 марки, а сега само треба да плати 576 евра за административни трошоци.Марките, кои речиси 20 години не се во оптек, ќе може да ги размени во евра во секоја филијала на Дојче Бундесбанк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...