Општина Карпош проби нова улица, „Новопланирана“ 3, во Тафталиџе 1, помеѓу улицата „Прашка“ и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“. За нејзина целосна реализација беше извршено асфалтирање на коловозот во должина од 142 метри и девет метри широчина. Долж улицата се поставија и два тротоари, со што е овозможено безбедно движење на пешаците.
Оваа нова улица, во голема мера ќе го рестовари сообраќајот во делот од Карпош каде што непланската урбанизација придонесе за создавање на голем сообраќаен метеж.
Локалната самоуправа и во Новата 2020 година ќе продолжи да работи на подобрување на инфраструктурата и овозможување на подобар пристап и движење за сите учесници во сообраќајот.