Македонските ракометари поразени од Кувајт

162

По вчерашната победа од 27:24, вечерва македонскиот ракометен машки национален тим загуби од Кувајт со 22:23, на контролниот натпревар кој се одигра во српскиот град Инѓија.

Танкоски со 4 гола беше прв стрелец меѓу избраниците на селекторот Данило Брестовац, додека голманот Митревски имаше 12 одбрани.

Утре подмладениот тим заминува за Букурешт, каде што в сабота ќе игра полуфинале на турнирот „Трофеј Карпати“ против Алжир, а потоа в недела е финале или меч за трето место. Овие средби во Србија и Романија се како изборни за ракометарите кои се таму и треба да му дадат појасна слика на селекторот кого треба да земе на Европското првенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...