Заседание на врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски – опозициски кандидат за премиер (ВИДЕО)

1164

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва едногласно го поддржале лидерот на партијата Христијан Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на партијата за идни министри и дополнителни заменик – министри во техничката влада, соопшти генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има кандидати за членови во техничката влада, ама нема дека нема да споменува имиња.

-Лидерската средба е закажана, така што би почекале да се одвиваат сите овие разговори и преговори во следните неколку денови и секако дека ќе имате можност да разберете за кого станува збор – рече Јанушев.

Мицкоски, исто така, бил едногласно поддржан од највисоките партиски тела  да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април на кои ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Јанушев, „ќе извојува убедлива победа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...