Шестнаесетмесечно бебе примено со повреди во Клиничкиот центар

1042

Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавиле вчера во СВР- Скопје дека кај нив било донесено 16 – месечно женско бебе од Скопје со повреди.

Во разговор со полициските службеници, мајката на бебето А.М.С.(21) од Скопје изјавила дека на 23 декември, околу 12.00 часот, нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје. Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...