Милевски: Градоначалниците да се занимаваат со надлежностите, а не со мобинг на хигиеничарки

378

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски рече дека иако голем дел од прашањата не се во негова надлежност ќе го повика директорот на Инспекторотот за локална самоуправа да видат што може да направат за однесувањето на неколку градоначалници, кои пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ги посочи како насилници.

– Партиите предлагаат кандидати а граѓаните ги избираат градоначалниците, затоа апелирам да избираат личности. Да водиме сметка сите за својте постапки. И јас ја слушнав изјавата на хигиеничарката и мене до солзи ме трогна нејзиниот револт. Пота слушнав дека градоначалникот демантира. Секој градоначалник треба да се занимава со својте надлежности, а не со хигиеничарки оти ќе му пројде мандатот во кавги. Ќе го викнам инспекторот за локална самоуправа нека направи записник и тоа што му е во надлежност нека реагира. Ме зачуди дека ќе тужи градоначалникот на Крушево оти рекле дека бил дебел. Сите случаи каде има изживување врз администрацијата се за осуда и ги охрабрувам сите кои се жртви на каков било притисок да пријават, а институциите да реагираат – рече Милевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...